Новинарот Зоран Ѓоргиев ја доби наградата „зелена економија“
И ѓубрето чини пари, само треба некој да го преработи. Наместо сликите од диви депонии во секое населено место, купишта смет покрај патишата и облаци чад од палењето на растителниот отпад, може да се добие органско ѓубриво. Дека е така покажува примерот на Цветанчо Ѓоргиев од струмичко Ново Село. Тој со неговата семејна фирма е еден од ретките кој наместо да го фрла, растителниот отпад го собира и од него прави компост. Како суровина користи отпад од сопствените површини, но и трската која многу често се пали.
- Работиме компостирање со био маса која што е претежно од класно цветни растенија како трски, шамак кои што ни ги заземаат поранешните ливади, а одредени несовесни граѓани сето тоа го користеа и во зима го палеа, а со тоа дополнително ни го загадуваа амбиенталниот воздух. Како еден револт кон нив ние решивме сето тоа да го колекционираме за да ја немаат таа можност за да се случува сето тоа , а сепак да произведеме еден производ кој и тоа како е корисен, вели Цветанчо Ѓеоргиев - сопственик на компостара
Компостарата работи веќе четири години. Има површина од околу четири хектари на кои годишно во просек се произведуваат околу пет илјади метри кубни сертифициран органски компост. Во процесот се вклучени двајца агрономи и шест оператори на машини.
Ѓоргиев смета дека долгорочно оваа дејност има перспектива I zatoa веќе размислуваат за проширување на производството.
- Сега ни е во план да направиме и пакување, калибрирање, неколку типови на хумус, компост. Нивно пакување во различни волуменски дози, вели Ѓоргиев.
Компостарата во Ново Село е единствена во Југоистокот од државата и покрај тоа што потенцијалот е голем.
Истражувањето што го направило здружението Хорти Еко, покажало дека над 53 % од земјоделците во нивната работа применуваат добри земјоделски практики. Најголемиот дел, земјоделскиот отпад го заоруваат, иако малку сепак има и такви кои компостираат. На тој начин добивле пониски производствени трошоци, но и поквалитетен и поконкурентен производ.
- Фармерите немаат потреба да купуваат дополнителни вештачки ѓубрива, туку дел од збогатувањето на почвата може да биде од тој растителен кој може повторно да се врати во почвата и автоматски имаме намалување на тие трошоци, но истовремено добиваме и органско производство со кое крајните корисници од користењето на градинарските или овоштарските култури ќе имаат бенефит да јадат органско производство, вели Томе Тимов - Здружение хорти еко
Според регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион количините на биоразградлив отпад се проценуваат на околу 22 илјади тони годишно.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар