Новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, но е во добра здравствена состојба

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „жив и во добра здравствена состојба“, и покрај раните здобиени во воените дејства, изјави денеска Јусеф Пезешкијан, советник во Владата и син на иранскиот претседател.
„Слушнав вести дека Моџтаба Хамнеи е ранет. Прашав неколку пријатели кои се поврзани со него. Ми рекоа дека, фала му на Бога, тој е жив и здрав“, напиша Пезешкијан на платформата Телеграм.
Иранската државна телевизија го опиша Хамнеи како „ранет ветеран од рамазанската војна“, но не прецизираше какви повреди претрпел, пренесува „Гардијан“.
Претходно се шпекулираше за неговата здравствена состојба и местото каде се наоѓа, бидејќи Моџтаба Хамнеи не се појавува во јавноста откако пред три дена го наследи својот покоен татко, ајатолахот Али Хамнеи, на функцијата врховен лидер.
„Њујорк тајмс“ објави дека Моџтаба Хамнеи бил ранет на првиот ден од американските и израелските напади врз Иран, повикувајќи се на тројца ирански и двајца израелски функционери кои сакале да останат анонимни.
Ново на Сител
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
