Бизнис
4. May 2022 - 21:26

Ново покачување на бензините, ќе растат ли уште цените, се враќаат ли гужвите на бензинските?

Од полноќ ново, второ по ред, поскапување на горивата. Бензините ќе се продаваат за 2,5 денари поскапо,  дизелот за 3. По вчерашното зголемување на цените за 2 , односно 1,5 кај дизелот,  некогаш најекономичното гориво сега има речиси иста цена како 98цата. Зголемувањето на цените се должи на повисокиот курс на доларот во однос на денарот, но и растот на нафтата на светските берзи.  Случувањата во Украина и Русија, предизвикаа курсот на доларот во однос на денарот изминативе 2 месеци да бележи постојан раст, што прави силен притисок врз формирањето на малопродажните цени на нафтените деривати, велат од Регулаторната Комисија. Сепак, додаваат дека, освен во Унгарија, цените кај нас се најниски во регионот. Во Грција 95ка се продава за над 2 евра, а дизелот е најскап во Албанија. Литар чини нешто над 2 евра.

Цените растат и на светските берзи. Предвидувањата се дека скокот ќе продложи. Една е причините е објавата на Европската Унија во целост да го забрани увозот на руска нафта во земјите членки. 6 пакет санкции, кој денеска го објави Урсула фон дер Лајен  подразбира целосно ембарго на увоз на руска нафта во наредните 6 месеци, а на рафинирани производи до крајот на годината. Сепак, некои членки бараат изземање од ембаргото, за да спречат енормен скок на цената на горивата. Меѓу нив се Бугарија, Унгарија, Словачка и Чешка.

2 причина за растот е објавата на Американскиот Институт за нафта, кој покажува дека залихите на црното злато им паднаа за 3,5 милиони барели неделно, што е повеќе од очекуваниот пад од 800. 000 барели, но и намалената побарувачка на Кина, најголемиот светски увозник на нафта, поради новите затворања поврзани со ковид пандемијата.  

На состанокот во четврток на земјите членки на ОПЕК се очекува потврда на политиката за постепено месечно зголемување на произвдството на нафта, иако изминативе месеци потфрлија со реализација на производствените цели.