НП Шар Планина го засилува мониторингот на балканскиот рис

Националниот парк Шар Планина информира дека во текот на 2026 година ќе почне продлабочена соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) насочена кон унапредување на постоечкиот мониторинг на балканскиот рис и популациите на дива коза на Шар Планина. Во текот на оваа година следењето и набљудувањето на овие диви животни установата ќе го прави со зголемен број видеокамери.
Благодарение на поддршката од проектот на ПОНТ, набавени се дополнителни фотозамки кои ќе бидат и понатаму користени за мониторинг на дивиот свет. Дополнително, во соработка со МЕД, се поставени фотозамки на повеќе локации низ целиот масив на Шара, со цел прибирање релевантни демографски податоци за балканскиот рис. Податоците за потврдената репродукција на рисот, женката со младенче регистрирана во 2025, ќе бидат вклучени во регионалната база на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, која од 2006 година ги евидентира сите релевантни наоди за Македонија, Албанија и Косово, информираат од Националниот парк Шар Планина.
Со оваа соработка, како што велат, дополнително се надградува системот за мониторинг кој Националниот парк континуирано го спроведува веќе трета година.
Во 2024 година ренџерска служба на националниот парк Шар Планина со камера го лоцираше рисот на локацијата Долна Лешница. На планините пред сè западниот дел од државата се проценува дека има околу 40-тина единки. Присуството на рисот овие 20-тина години се евидентира со видеокамери поставени на десетици места во националните паркови Шар Планина, Маврово, Пелистер, но и на Илинска планина, Јабланица, Галичица и заштитеното подрачје Јасен.
МИА
Ново на Сител
-

Мирослав Попоски патува на 30-то големо натпреварување да ја бодри Македонија | ВИДЕО
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
