Свет
27. March 2026 - 19:03

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ

Во неколку градови во Обединети Арапски Емирати улиците се под вода поради обилните дождови.

Во делови од Дубаи автомобилите се заглавени во надојдената вода. И во главниот град на ОАЕ, Абу Даби голем број улици се поплавени.

Обилните дождови предизвикаа поплави и во пристанишниот град Шарџа, поради што е нарушен и авионскиот сообраќај. Полицијата им препорача на жителите да се воздржат од непотребни патувања.

Според метеоролозите обилните дождови ќе продолжат и во текот на денот, поради што Управата за цивилна одбрана на ОАЕ ги предупреди граѓаните да ги избегнуваат поплавените подрачја. 

 

МИА