Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час

Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни, поточно ќе наврнат и над 20 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта, повремено силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 km/h, особено во североисточните делови.
Пообилни врнежи ќе има утре кога според прогнозата се очекува локално да наврнат и над 30 литри на квадратен метар. Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со локален дожд. Во сабота ќе дува повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 километри на час.
Во Скопје, денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни (над 20 l/m2). Од петок времето ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд.
Веќе од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.
МИА
Ново на Сител
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
