Облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, наместа во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег и дополнително ќе се зголеми снежната покривка, соопшти УХМР.
Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3 , а максималната ќе достигне до 5 степени.
До средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини. Нови врнежи од дожд и снег со послаб интензитет се очекуваат во среда попладне и во четврток.
Ново на Сител
-

Штетата од шумските пожари во 2025-та проценета на околу 50 милиони евра
-

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
-

Преглед на вестите од светот
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
