Македонија
20. January 2026 - 20:04

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос

Во рамки на светскиот економски форум во Давос, премиерот Мицкоски и владината делегација попладнево оставриле средба со секретарот за енергетика на САД Крис Врајт и високи претставници на светски реномирани компании на кои ги претставил можностите за инвестииции во Македонија со фокус на енергетиката.

Се разговарало за конкретни чекори за развој на енергетиката во следните години, а Мицкоски најавува дека Македонија треба активно да се вклучи со план за повторно рестартирање на Чебрен и Галиште и Бошков мост.