-->
-->
Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-->

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
