Облачно со услови за утринска магла

Во земјата денеска ќе преовладува прeтежно облачно време. По одделни котлини има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 2, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко. Во делови од котлината има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.
-Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
-

Преглед на вестите од светот
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
