Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
Вишото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти дека поднело барање до полицијата за собирање информации и проверка на „точност на информации“ за наводни контакти меѓу Белградскиот универзитет и Воениот синдикат, јави МИА од Белград.
Според аудио снимка објавена од провладини медиуми, „извесна М.В изнела информации дека еден од претставниците на Универзитетот во Белград контактирал со Воениот синдикат и дека – Војската на Србија ќе застане на страната на демонстрантите доколку дојде до немири“.
„На полицијата и е наредено да ја провери точноста на информациите поврзани со Универзитетот во Белград, особено во врска со меѓусебната комуникација меѓу тој универзитет и припадниците на војската на Србија, како и дали и кои членови на Универзитетот во Белград биле во контакт со Воениот синдикат“.
Обвкнителството бара да се испита дали постојат елементи за кривичното дело „Повикување на насилна промена на уставниот поредок“ или друго кривично дело за кое кривично гонење се презема по службена должност.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази