Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава

На Граничниот премин Богородица, времето на чекање за излез од Македонија претпладнево е од 15 до 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата - информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
