Македонија
17. March 2026 - 13:58

Од црква во Чаир одземен бакарен лим од кровот вреден над 150.000 денари

На 16.03.2026 во 17:25 часот во СВР Скопје, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Св.Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје бил одземен бакарен лим од кровот на црквата, при што сторителите се стекнале со  противправна имотна корист од над 150.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.