-->
-->
Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-->

Од почетокот на 2026 година, во Србија официјално се регистрирани вкупно 52 нови медиуми, според податоците од Медиумскиот регистар на Агенцијата за економски регистри (AПР), соопшти Асоцијацијата на независни електронски медиуми (АНЕМ).
Меѓу нив се и медиумите што беа основани на местата каде што се одржуваат локални избори на 29 март, но и бројни други локални, претежно интернет медиуми.
Во моментов, Регистарот на медиуми во Србија брои 2.312 јавни гласила.
Истражувањето на AНЕМ покажува дека најрегистрирани се интернет медиуми – вкупно 49, по што следат два печатени медиума и една радио станица. Во изминатите два и пол месеци не е регистрирана ниту една телевизија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
