Од утре „Сејф сити“ почнува да казнува, МВР со апел да се почитуваат правилата

Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција - известува Министерството за внатрешни работи.
Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите.
Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци:
• непрописно паркирање;
• управување со брзина поголема од пропишаната;
• минување на црвено светло;
• управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.
Системот „Безбеден град” е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот.
Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за подобри, посигурни и побезбедни патишта низ државата.
Ново на Сител
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
