Одбележани 24 години од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Во тетовско Теарце денеска Одборот на бранители организираше одбележување на 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001-та, што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесни повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.
Цвеќе положија претседателот на Одборот на бранители и делегации на СВР Тетово, политичка партии и организации.

- Дваесет и четири години потоа (четврт век од човечкиот живот) состојбата со бранителите не е променета во ниту еден сегмент, иако голем број од бранителите од последиците на војната веќе се починати. Нивните рожби, сега веќе оформени граѓани на оваа наша татковина се прашуваат: зашто нивните родители ги положиле своите млади животи на олтарот на татковината? Направија нивните деца и внуци да се срамат, затоа што нивните дедовци ja бранеле сопствената држава Зарем е тоа најголем татковци,грев? Политичарите, не доволно свесни за постигнатото од страна на бранителите и начинот на кој е тоа постигнато, како и цената која е платена, почнаа со лесно продавање на државните интереси само заради, опстанок на политичката сцена. Нивните политички договори да ги изедначат бранителите со оние кои, ја напаѓаа државата се главен проблем. Тоа бранителите никогаш до последен жив нема да се согласат, истакна Марин Најдов претседателот од Одборот на бранителите.
За нападот на полициската станица во 2001 година одговорноста ја презеде т.н. Ослободителна народна армија (ОНА).
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
