Одбележување на Светскиот ден на детето

Во Собранието ќе се одржи едукативен настан на Парламентарниот институт под мотото „Моите права, мојата иднина – детските права во дигиталниот свет“.
Поздравни обраќања на настанот ќе имаат Драгана Бојковска, претседателка на Клубот за младински прашања и политики и директори на три основни училишта од Општина Илинден: ООУ Ристо Крле, ООУ Гоце Делчев и ООУ Браќа Миладиновци. Свое обраќање ќе има е претставник на УНИЦЕФ на Северна Македонија, а потоа ќе се одржи симулација на седница на Детскиот парламент.
Настанот има цел да ја подигне свеста кај децата за нивните права, да поттикне дискусија за предизвиците и можностите што ги носи дигиталното опкружување, како и да ја истакне важноста на безбедното, одговорното и активно учество на децата во дигиталниот свет.
МИА
Ново на Сител
-

Со два специјални закони до поевтини домови за млади брачни парови
-

Клучните закони за спречување на насилството се закочени во Парламентот
-

„Своја на своето“ - кампања против насилството
-

Владата мобилизираше шест институции за решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува надзорната расправа за Алта банка
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-

Прва јавна расправа за новиот кривичен законик
