Одземено возило и приведено младо лице од росоманско Сирково, возело без положен возачки испит

Бидејќи возело без положен возачки испит, денеска било лишено од слобода младо лице од село Сирково. Возилото било привремено одземено, соопштија од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Денеска во 1:15 часот на улицата Методија Џунов Џико во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци лишиле од слобода лице од село Сирково, општина Росоман. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило со кавадаречки регистарски ознаки и по извршени проверки било констатирано дека лицето го управувало возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а возилото било привремено одземено, информираа од СВР - Велес.
По целосно документирање на случајот, како што додадоа од СВР - Велес, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
MIA
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
