Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) вечерва е повторно блокиран за сите видови возила поради штрајк на грчките земјоделци.
Како што информира АМСМ, на граничниот премин „Дојран“ за излез од државата се чека 30 минути. На граничниот премин „Табановце”, пак, времето на чекање за излез од државата е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ.
МИА
Ново на Сител
-

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири
-

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра | ФОТО
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
