Опожарени 130 хектари сува трева и ниска вегетација во Руѓинце
Пожарникарите од Старо Нагоричане речиси цел ден интервенирале на пожар во село Руѓинце информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица. Пожарот избувнал во 11:30 часот, зафатена била површина од 130 хектари, сува трева, нискостеблеста шума.
Пожарникарите од Старо Нагоричане го гаселе со три противпожарни возила и осум пожарникари. Во интервенцијата се вклучиле и ТППЕ Ранковце и Кратово со по едно возило и вкупно шест пожарникари, како и возило од ТППЕ Куманово за дотур на вода.
-Во интервенцијата логистичка поддршка ни дадоа мештани, изјави командирот на ТППЕ, Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Лани, на локацијата имаше пожар кој подоцна се прошири кон селата од општините Куманово и Кратово.
Претходно, пожарникарите од Старо Нагоричане гасеа пожар во истото село, но на друга локација и таму горела сува трева и дрва.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба