Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, негира дека при спроведувањето на пописот ги пречекорил своите овластувања. Симовски тврди дека методологијата за попишување на резидентно и нерезидентно население е препорака на Евростат, а се користела за држави кои се соочуваат со емиграција.
Со изјава пред Уставниот суд, Симовски рече дека е разочаран од одлуката за укинување на категоризацијата според која беше спроведен пописот во 2021та.
По одлуката на Уставниот суд, од партијата ВРЕДИ најавија дека против Симовски ќе поднесат и кривична пријава. Тој пак вели, пописот се користи како политички инструмент.
Со методологијата која веќе ја укина Уставен, како нерезидетно население односно лица кои подолго од 12 месеци се надвор од државата, на последниот попис беа попишани над 260 илјади. Во графата резидентно, попишувачите избројаа еден милион и 836 илјади лица.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар