-->
-->
Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
-->

На 12.03.2026 во 00:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг просторот пред зграда на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје.
Од пожарот биле оштетени и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.(74) од Скопје и патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од с.Долно Лисиче, скопско.
Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, повредени лица нема. Извршен е увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
