Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент со димни бомби

Опозицијата во српскиот Парламент денеска ја бојкотира седницата по вчерашниот инцидент со чадни бомби, во кој беа повредени три пратенички од владејачката Српска напредна партија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави за телевизијата „Пинк“ дека сите три пратенички се во стабилна состојба, вклучувајќи ја и ќената која претрпе мозочен удар, како и бремената пратеничка во осмиот месец, чија состојба и состојбата на нејзиното бебе се добри.
Полицијата рано утрово ја пребара пленарната сала на Народното собрание по дојава за поставена експлозивна направа, но ништо сомнително не беше пронајдено.
Денешниот дневен ред на парламентот содржи околу 70 точки, вклучително и констатирање на оставката на Владата.
Премиерот во оставка Милош Вучевиќ ја поднесе својата оставка на 28 јануари, како одговор на масовните протести што бараа одговорност за трагедијата во Нови Сад, каде што на 1 ноември минатата година, при уривање на бетонската настрешница на железничката станица, загинаа 15 лица.
Опозициските партии сметаат дека Владата во оставка нема легитимитет да носи нови закони.
Студентите, кои од крајот на ноември протестираат во знак на поддршка за жртвите од Нови Сад, ја отфрлија законодавната иницијатива за зголемување на средствата за универзитетите за 20 отсто, нагласувајќи дека нивните примарни барања се правда за жртвите и прекин на судските постапки против демонстрантите.
Вчера, опозициските пратеници во парламентот издигнаа транспаренти со натписи „Општ штрајк“ и „Правда за убиените“, усогласени со пораките на студентите.
Во салата, исполнета со чад, беше развиен транспарент со натпис „Србија се крева за да падне режимот“, а меѓу пратениците имаше и фрлање шишиња со вода.
Претседателката на парламентот Ана Брнабиќ ги повика пратениците да се вратат во салата и порача дека законодавниот дом ќе продолжи да работи.
Во меѓувреме, граѓани и ученици со 15-минутно молчење на раскрсницата пред парламентот оддадоа почит на загинатите во Нови Сад, а дел од нив ја гаѓаа зградата со јајца, скандирајќи „Крадци“.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
