Орбан: Полјаците се до гуша во војна
Унгарскиот премиер Виктор Орбан присуството на руските дронови во воздушниот простор на Полска го нарече неприфатливо, но додаде дека таквиот развој на настаните бил очекуван.
Во своето редовно радио-обраќање, Орбан нагласи дека не смее да се занемари фактот дека инцидентот се случил токму во Полска.
Орбан ја истакна силната врска меѓу двете земји, без оглед на моменталната политичка клима. Тој нагласи дека Полјаците се историски сојузници и пријатели на Унгарија и дека Унгарија треба да биде меѓу првите што јасно ќе реагираат на какво било нарушување на полскиот суверенитет.
– Од првиот момент влегувањето на руските дронови на полска територија го опишавме како неприфатливо и стоиме со Полјаците, ао оглед на тоа што сме 100 проценти солидарни со нив, изјави тој.
Говорејќи за инцидентот во кој руски дронови влегоа во воздушниот простор на НАТО, Орбан рече дека тоа ја отсликува опасната околност во која се живее секојдневно. Според него, такво нешто можело да се случи кој било ден, како во Полска, така и во Унгарија, поради што заканата од војна е неизбежна.
Унгарскиот премиер исто така направи разлика меѓу позициите на двете земји, додавајќи дека Унгарците „не се вклучени во војната и се држат настрана, додека Полјаците се до гуша во неа“.
За време на рускиот напад врз Украина во ноќта меѓу 9 и 10 септември, руски дронови 19 пати го нарушија полскиот воздушен простор. Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека дроновите можеби влегле на полска територија „по грешка“, додека полскиот премиер Доналд Туск ги отфрли тврдењата дека зад упадот стои Украина, нарекувајќи ги манипулација и дезинформација.
МИА
Ново на Сител
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики