Осомничениот за убиството во Старо Нагоричане е во затвор Куманово

Осомничениот за убиство од општина Старо Нагоричане, дваесет и петгодишниот Т. Б. е сместен во казнено-поправната установа Куманово (К‘шање), соопштија денеска од затворот.
-Лицето Т.Б. се наоѓа во КПУ Затвор Куманово, на издржување мерка притвор од 30 дена, определена од судија на претходна постапка. По приемот му е извршен лекарски преглед од страна на медицинско лице и е во добра здравствена состојба, соопштија од затворот.
Основното јавно обвинителство Куманово, соопшти дека сите надлежни институции и органи преземаат дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на настанот кој ја потресе руралната општина Старо Нагоричане. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следува негова психијатриска процена од тим на експерти од Клиниката за психијатрија.
-Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали – соопштија од ЈОРСМ.
Инаку завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо Нагоричане. Директорот на Судска медицина проф. д – р Александар Станков потврди дека станува збор за насилна смрт.
-Станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена за која обвинителството побара ексхумација-изјави Станков. Тој повтори дека примероци за ДНК анализа се земени и од претходната жртва, повозрасната жена од село Челопек. Кај двете жени станува збор за насилна смрт.
ЈОРСМ, претходно соопшти дека „заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител и дека за една од потенцијалните жртви беше наредена ексхумација и обдукција“.
СВР Куманово го уапси Т. Б, откако тој на 12 февруари влегол во домот на 78-годишната М.С. во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, физички ја нападнал и со перница ја задушил.
Полицијата информираше дека против него биле поднесени пријави за две „тешки кражби“ од деловен објект и приватен имот и „кражба“ од товарно моторно возило. Тој не бил корисник на ниту едно право од Центарот за социјални работи Куманово.
МИА
Ново на Сител
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
