Oсум тони марихуана недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко
Речиси осум тони сув цвет од медицински канабис недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко, утврдиле полициските службеници при извршена контрола.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, СВР Струмица поднело кривични пријави против правно лице од селото Борисово, општина Ново Село, како и против В.К. од Ново Село, со престој во Струмица, кој бил управител на фирмата.
При контролата, спроведена од полициски службеници и претставници на надлежната комисија при Министерството за здравство, биле проверени просториите во кои се складирал сувиот цвет од медицински канабис.

Инспекторите утврдиле дека недостигаат 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис, за кои фирмата немала соодветна документација и покритие.
Дополнително, биле откриени неправилности во документацијата поврзана со ангажираниот кадар, како и недостиг на друга задолжителна документација.
Против правното лице и управителот се поднесени кривични пријави за дела предвидени во член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
Ново на Сител
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
-

Филипче предупредува на недостиг на пари
-

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот
-

По падот на Вучиќ - политички реакции во Македонија, проверки и апсења во Србија
-

Железничка несреќа во Шпанија, над 60 загинати
-

Приоритетен интернет и на преполни концерти
-

Денеска се избира наследникот на Ислам Абази
-

Почнува амандманската распава за ребалансот на Буџетот – поднесени над 120 амандмани
