Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад

Отпечаток од рака од пред 4.000 години, оставен на глинен сад, е откриен за време на подготовката за изложба во музеј во Египет. Отпечатокот бил оставен на основата на „куќа на душите“ – глинен сад за храна којшто бил поставен во гробница.
– Реткиот и возбудлив целосен отпечаток од рака, веројатно, го направил изработувачот на предметот, кој го допрел пред глината да се исуши… Забележавме траги од отпечатоци од прсти оставени на декорацијата. Тој наод е редок и возбудлив – да се најде целосен отпечаток од рака под оваа „куќа на душите“. Ова го оставил изработувачот кој го допрел пред да се исуши глината. Никогаш претходно не сум видел толку целосен отпечаток од рака на египетски предмет, изјави Хелен Страдвик, египтолог од музејот „Фицвилијам“ во Кембриџ.
Садот датирана од околу 2055 – 1650 година п.н.е., служел за оставање храна за душата на починатата личност, според истражувачката, која е и кустос на новата изложба под наслов „Направено во Древниот Египет“, објави „Стандард њуз“ (Standard News).
– Може, просто, да замислите како лицето кое го направило ова, го зема за да го изнесе од работилницата за да се исуши пред да се пече. Ваквите работи Ве водат директно до мигот кога е направен предметот и до лицето кое го направило, што е фокусот на нашата изложба, додаде Страдвик.
Куќата на душата ќе биде изложена на изложбата што ќе биде отворена на 3 октомври.
МИА
Ново на Сител
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
