Македонија
3. March 2026 - 19:42

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта

Тутунарите не ги прифаќаат и ги одбиваат понудените цените за оваа реколтаа која ги доставиле откупувачите. Тутунарите бараат 510 денари за прва, 460 за втора и 400 денари за трета класа, а добиле во најголем дел само 435 за прва, 370 за втора и 305 за трета класа. Борбата ќе продолжела и понатаму, а договорите морале законски да се склучат.

„Ќе ги преземеме сите расположливи средства што ги имаме како непочнување на откуп, неносење на тутун, организирање на блокади на влезовите на откупувачите, значи сите расположливи механизми што ќе ни бидат на располагање ќе ги употребиме за да ја зголемат цената на тутунот“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.

Во моментов било во тек и носењето на законските измени за новиот закон за тутун. Засега неизвесно е дали во тој закон ќе се најде и одредбата цените за реколтата да не може да се носат без согласност на тутунарите. 

„Самата економија кажува едно, секоја цена на еден производ зависи од тоа колку е некој спремен да го плати и второ колку е некој спремен да го работи за таа цена. Мислам тоа е наједноставниот одговор на вашето прашање“, рече Николче Илиевски, координтор за меѓународна соработка на Сојузот.

Од ланската реколта биле откупени 26.236.000 кг. од кои 98% се откупени во прва класа. А просечната откупна цена е 418 денари.