Отворен Балкан ги спаси извозниците на млеко во Србија
Србија воведува увозна такса на млекото и кашкавалот за да го заштити домашното производство. Македонија не е на листата. За литар увезено млеко таксата е 15 динари, односно 8 денари, а за кашкавалот 16 денари. Одлуката стапува на сила веднаш, е целта е да се запре нелојалната конкуренција, која постојано ја намалува откупната цена на млекото.
- Со ваквата одлука очекуваме да се стабилизира состојбата на пазарот и да се стопира падот на откупните цена на млекото, Јелена Танасковиќ, министер за земјоделие.
Производи со ниски, дапминг цени го преплавија српскиот пазар. Но претседателот на Здружението на млекопроизводители со сомнева во квалитетот на истите.
- Кашкавалот од увоз го продаваат по цена на од 3,5 до 4 евра, а во Европа неговата производство чини 6 евра, додека за литар млеко 58 евроценти, а го продаваат за 3,4 евра. Тој кашкавал има свој рок и тие сакаат да се ослободат од него. Исто така и Гауда, сакаат да се ослобадат надвор од Европската унија, па сега ги има во прекумерни количини на српскиот пазар, изјави Горан Васиќ, претседател на Здружението на млекопроизводители.
Од нашето минситерство за земјоделие велат дека новите правила не се однесуваат на нашата држава, затоа што преку проектот Отворен Балкан двете држави се обврзни меѓусебно да си помагаат и да овозможат слободен тек и размена на земјоделко прехранбени производи.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
