Македонија
4. January 2026 - 16:39

Отворена нова градинка во Сопиште

Три нови градинки отворени со почетокот на  новата година. По Карбинци и Кочани, нова детска градинка е пуштена во употреба и во Сопиште. Во објектот Сонце ќе бидат згрижувани 84 деца од предшколска возраст.

Во овој објект ќе можат да се запишуваат деца од 0до 2 и од 2-4 од населените места Сопиште, Долно Соње, Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. Заменикот министер за демографија и млади порача дека изминатата година успеале  да реализираат рекорден број лиценци, да го откочат процесот и од 1900 луѓе кои чекале по неколку години за да можат да работат во градинките како воспитувачи и негователи сега овој број е намален на 800.  

Велковски најави дека министерството распишало постапки за доградба на уште 16 детски градинки во Скопје.