Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Отворени се шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, кои работат од 6 ноември.
На шалтерите во трите града, клиентите кои немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.
Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и согласно утврдениот распоред.
Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжила според предвидената динамика.
Исплатите ќе продолжат и во наредните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.
Од оваа недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.
Народната банка информира дека континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките согласно развојот на состојбите.
Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
