Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори

Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти.
Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти), куќите со 235 (11 проценти), земјоделско земјиште и шуми со 210 закупи (10 проценти). Индустријата и градежното земјиште учествуваат на пазарот со по 2 проценти закупи, додека гаражите и останати недвижности со по 1 процент.
Споредбено со првиот квартал од 2026 година, закупот на станови бележи пад од -14 проценти во однос на бројот на закупени станови и пад на вкупната месечна закупнина од -9 проценти.
Куќите бележат пад на бројот на закупи од -24 проценти и пад на вкупната месечна закупнина од -5 проценти во споредба со претходниот квартал.
Кај деловните простори забележан е пад на бројот на закупи од -8 проценти и раст на вкупната месечна закупнина од 20 проценти во споредба со првиот квартал од 2026 година.
Најголем број закупи се регистрирани во општина Центар, 286, по што следуваат општина Аеродром, 197, општина Карпош, 173, општина Битола, 129.
Просечната месечна закупнина по метар квадратен станбен простор во општина Центар изнесува 408 денари, во Аеродром 375, Карпош 354, Кисела Вода 326, Штип 266 денари.
Во вториот квартал се закупени недвижности со вкупна површина од 2.422.990 метри квадратни со вкупна месечна закупнина од 76.252.047 денари. Најмногу е закупено земјоделско земјиште и шуми, додека најголема цена на месечна закупнина имаат достигнато деловните простори.
Во април се регистрирани најмногу закупи, 776, а најмалку во мај, 669, додека во јуни имало 703 - покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини.
МИА
Ново на Сител
-

Насилникот нема да смее да се врати дома 48 часа – ако ја прекрши забраната, следува кривична пријава
-

Потребно е поголемо охрабрување на жените од руралните средини да го пријавуваат насилството
-

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември
-

Охрабрувачки бројки за премиерот, разочарувачки за опозицијата
-

Политичките партии бараат одговорност за Алта банка
-

На Светскиот ден на дијабетесот пациентите бараат сензори за сите лица со Тип 1 и превенција од компликации
-

Поради ниската откупна цена на пченицата драстично намалување на површините за есенската сеидба
-

Интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево
