Пад од 30 отсто на бројот на заразени со Ковид
Омикрон стивнува. За 30 проценти е намален бројот на нови случаи, починати и хоспитализирани за една недела.
Според извештајот на ИЈЗ минатата недерла биле регистрирани 6.119 позитивни на Ковид. Намалување има кај сите возрасни групи. За околу 7 отсто е намален и процентот на позитивност, но направени се и помалку тестови.
Од 14 до 20 февруари биле пријавени 106 смртни случаи за 27,9 проценти помалку од претходните 7 дена, но драстично е намален и бројот на хоспитализации. Во моментот на болничко лекување има 484 пациенти, 215 помалку од претходната недела.
Како оздравени пријавени се 8.797 лица.
Минатата седмица биле евидентирани за 30 проценти помалку реинфекции односно 863 по втор пат се заразиле.
А за време на целата пандемија 26 граѓани по трет пат добиле позитивен тест на Ковид-19.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
