Паметниот „Епл” прстен наскоро на пазарот
Долгоочекуваниот влез на „Епл” (Apple) во технологијата за паметни прстени е, се чини - при крај, т.е. наводно, технолошкиот гигант се подготвува да ја надмине фазата на патент. Според „Електроник тајмс“ (Electronic Times), производот е подготвен за пазарот.
Интересот на „Епл” за технологијата на паметни прстени датира од пред неколку години. Во 2015 година, „Блумберг“ го претстави патентот што опишува прстен опремен со екран на допир. Следните години се појавија дополнителни наводи коишто предвидуваа и најсовремено далечинско управување врз голем број поврзани домашни уреди, пренесува „Мирор про“ (Mirror Pro).
Неодамнешните податоци откриваат уште еден патент, каде што паметниот прстен има можности за дигитална безжична блиска комуникација - НФЦ. Гласините говорат дека ваков прстен би можел да послужи и како далечинско за слушалките на „Епл вижн про“ (Apple Vision Pro). Сѐ тоа, нудејќи соодветна интеграција во екосистемот.
Ново на Сител
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
