Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази

Со читање сведоштва на две девојки продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Една од нив, која ја преживеала трагедијата, вели дека објектот редовно работел без контрола на лични документи и без обележани противпожарни излези. Според неа, критичната вечер влегле без проверка, а дискотеката немала јасни патеки за евакуација.
Девојката навела дека за време на настапот на групата ДНК биле користени пиротехнички ефекти, какви што, според неа, групата употребувала и на други настапи. Пожарот го забележала откога друг присутен викнал дека „се запалило“ по што настанала паника и турканица кон единствениот излез што го знаела.
Во својот пишан исказ, што беше прочитан, таа посочува дека на скалите и кај главната врата се создавал метеж, дека била извлечена од други присутни лица и потоа пренесена во болница поради повреди и вдишан чад.
Претходно, беше прочитана изјавата на другата девојка, која била вработена во кафетеријата на сопственикот на „Пулс“, која вечерта на трагедијата била присутна во дискотеката со дечкото. Тој не успеал да се спаси, а загинале и нејзини блиски другарки и дугари.
Пред почетокот на читањето на изјавите на девојките одбраната бараше да не се изнесат тие докази со образложение дека девојките, како што наведоа, имале душевно растројство за што покажало и вештачењето.
Обвинителството, пак, оцени дека нема пречки исказите да се применат нагласувајќи ја потребата од заштита на жртвите и избегнување дополнителна виктимизација.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
