Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
Папата Лав Шеснаесетти денеска го повтори својот повик за ставање крај на војната во Украина.
-Цврсто го повторувам мојот итен апел за итен прекин на огнот и сериозна посветеност на дијалог, рече папата за време на молитвата Ангелус на плоштадот Свети Петар.
-За жал, војната во Украина продолжува да сее смрт и уништување. Дури и во последниве денови, бомбардирањата погодија неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, предизвикувајќи бројни жртви, истакна поглаварот на Католичката црква.
-Сега е време одговорните да се откажат од логиката на оружјето и да тргнат по патот на преговорите и мирот, со поддршка на меѓународната заедница, рече тој.
-Гласот на оружјето мора да замолчи, додека гласот на братството и правдата мора да се подигне, истакна папата.
Повеќе од 20 луѓе загинаа во Киев во четвртокот во најтешкиот руски воздушен напад од јули.
Лав Шеснаесетти, првиот американски папа, исто така се осврна на неодамнешното пукање во училиште во Минесота, во кое загинаа две деца.
-Да го молиме Бога да ја запре пандемијата на оружје, големо и мало, која го инфицира нашиот свет, рече папата, кој е роден во Чикаго.
МИА
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива