Пасоши првпат во летниот период се издаваат без застој, термин за се добива за ден-два, а документи за најмногу до седум

И покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, особено и поради тоа што во земјава тогаш престојуваат и голем број наши иселеници, процесот на издавање патни исправи се одвива непречено и без застој, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена, нагласуваат од МВР.
Од Министерството нагласуваат дека ова е првпат во јули и август, периодот кога има најголем наплив на граѓани од дијаспората, постапката да се одвива со ваква динамика и без подолги рокови на чекање. Тоа, како што велат, е резултат на преземените организациски мерки и оптимизацијата на работните процеси.
МВР, нагласуваат во одговорот за МИА, располага со соодветни капацитети за да одговори на зголемениот број барања во летниот период, со цел сите граѓани, вклучително и иселениците кои престојуваат во државата за време на годишните одмори, навремено да ги добијат своите патни исправи.
Летните месеци традиционално носат зголемен број македонски иселеници кои престојуваат во земјата, кои престојот меѓудругото го користат и за да извадат или да ги обноват македонските пасоши.
Во случаи кога постојат итни и оправдани причини поврзани со патување во странство, МВР постапува согласно законските можности за итно издавање патни исправи.
Министерството им препорачува на граѓаните од дијаспората навремено да ја проверат важноста на своите документи и доколку има потреба, барањето за нова патна исправа да го поднесат веднаш по пристигнувањето во државата, имајќи предвид дека во моментов редовната постапка овозможува издавање на документите во кратки рокови.
МИА
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
