Пендаровски: Став за потпишување на указот откако ќе ја видиме конечната верзија на законите за автопатските делници
Кога ќе ја видиме конечната верзија на сетот закони за автопатските делници ќе можеме да знаеме за секој од нив каков ќе биде ставот во однос на потпишување на указот, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на прашање дали ќе го потпише указот доколку помине законот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 Д.
Пендаровски истакна дека не може од сега да се знае во каква конечна верзија ќе бидат тие законски решенија, затоа што, како што посочи, можат да бидат изменети со амандмани.
-Да ја почекаме дебатата, да ја видиме конечната содржина на тие закони, мојот тим на правници и во Кабинетот и надвор од него се веќе ангажирани во следење на дебатата и на тоа што ќе излезе како конечен продукт. Во однос на процедурата мислам дека иако одат по скратена постапка, не се со европско знаменце и ќе има доволно време и за опозицијата да поднесе амандмани, да се вклучи во дебатата и да имаме аргументирана расправа како што доликува за овој важен сет закони, рече Пендаровски.
Во однос на реакциите на експерти и граѓански организации, Пендаровски посочи дека тие реагираат во оваа фаза, а станува збор за предлози на закони.
-Реагираат во оваа фаза, но станува збор за предлози на закони, влегуваат во Собранието и опозицијата и власта може да предложат амандмани. Важно е претседателот ја гледа конечната верзија на законот и само од тоа зависи. Ако ги повредуваат правата на граѓаните ако завлегуваат во правата на трети лица итн. се разбира дека дел, или барем дел од тие закони нема да поминат, но да ги видиме во конечна верзија, нагласи Пендаровски.
Измените и дополнувањата на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
