Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет им нареди на војниците на Националната гарда да почнат да носат огнено оружје при патролирањето по улиците на Вашингтон, како дел од построгите мерки за спроведување на законот на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денеска Пентагон.
Овој потег претставува ескалација на интервенцијата на Трамп во полициската работа во главниот град на САД и доаѓа во време кога речиси 2.000 членови на Националната гарда се стационирани во градот контролиран од демократите, откако стотици војници пристигнаа оваа недела од неколку републикански држави.
Трамп првично испрати 800 членови на Националната гарда во округот Колумбија за да им помогнат на федералните органи за спроведување на законот во обид да се справат со криминалот, бездомништвото и нелегалната имиграција.
Пентагон и војската минатата недела објавија дека војниците нема да носат оружје, но новите упатства се дека ќе носат службено оружје. Војниците не учествуваа во спроведувањето на законот и претежно ги заштитуваа локалните знаменитости.
Трамп минатата недела се пофали дека градот е побезбеден од кога било благодарение на неговата интервенција.
Денеска тој на новинарите им изјави дека „чудо е што се случи. Вашингтон беше пеколно место“, рече тој и додаде дека „ сега е безбеден.“
Тој посочи дека може да го продолжи присуството на трупите и федералните агенти во Вашингтон.
Трамп истакна дека ќе побара од Конгресот две милијарди долари за подобрување на изгледот на градот, вклучително и повторно асфалтирање на улиците и замена на уличните светилки. Претходно вети дека ќе ја подобри тревата околу градот за да изгледа како едно од неговите терени за голф.
„Ќе биде безбедно и ќе биде разубавено“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница