Пензионерите од истокот во понеделник доаѓаат на протест во Скопје
Доколку до петок Владата и ресорните министерства не одговорат позитивно на барањата на пензионерите од истокот, во понеделник организирано заминуваат во Скопје. На овој чекор се одлучиле зашто цела недела масовно протестираат по градовите, но нема кој да ги слушне и да ги види.
- Со автобусите подготвени сме да одиме за Скопје и таму јавно да не видат и да не слушнат дека ни е тешко и дека со 12.000 денари пензија не се живее- изјави пензионерка од Свети Николе.
- Со една просечна инвалидска пензија не се живее никако. Затоа сме овде собрани и сигурно овде ниѓто нема да се случи, да се организираат автобуси од претседателите во сите градови од Македонија, 330 000 пензионери сме. Се, изградивме, болници, школи, градинки и на крајот нас не не сметаат во живите-изјави пензионерка од Штип.
Покрај линеарното покачување од минимум 3500 денари, на дневен ред ќе бараат да се стави и законско утврдување на износот на минималната пензија.
- Ние сега нема да го утврдиме лимитот, има различни идеи, но некаде се движи околу 20 000 денари. Значи, кога ќе се седне да се преговара, дали ќе биде 20 000, дали 19 000, дали повеќе од 20 000 денари, тоа ќе зависи од преговарачкиот тим- изјави Ристе Нетков, претседател на Здружението на пензионери од Штип.
Со актуелните минимални пензии не можат да ги покријат основните трошоци за живот, а повеќе од 1/3 од пензииѕте им одат за лекарства и здравствени услуги.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар