Пензионерите од Свети Николе на протест незадоволни од најавеното покачување на пензиите
По штипските и кочанските, денес на протест излегоа и пензионерите од Свети Николе. Незадоволни се од најавеното покачување од само 6% на пензиите од месец септември. Бараат линеарно покачување од минимум 3500 денари, затоа што најпогодени ќе бидат пензионерите со минимални примања.
- Пензионер со примања од 12 000 денари, ако е 6%, ќе има покачување од 720 денари. Тој човек ќе треба да плаќа 6 месеци за дрва по 5000 денари секој месец, а му остануваат другите пари за храна, но мора да плати и режиски трошоци. Режиските трошоци се 5000 денари, 3000 за струја, 2000 за комуналнии и други трошоци, а остатокот му е за да јаде или да си купи лекови, изјави пензионер од Свети Николе.
- Дали за лекови, дали за дрва, дали за леб, со што треба да живееме. Бараме сите да имаат исто покаќување, линеарно, на сите исто- изјави пензионерка од Свети Николе.
Револтирани се и од изјавата на министерската за труд и социјала, за покачувањето од 46% од 2017-та година па наваму.
- Имаше пандемија, колку покачување имаше? И реално било 6%, не е реално, нека излезе и нека ни објасни. Тоа не интересира, а со 12 000 -13000 нека дојде и таа нека живее, ние ќе и ги дадеме и 6-те проценти, плус за да има, да и стасаат- изјави пензионерка од Свети Николе.
Пензионерите се децидни дека овој пат ќе истраат во барањата и нема да се откажат се додека не си ги остварат своите права за достоинствени пензии кои ќе им овозможат нормален живот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар