Пензионерите од Свети Николе продолжуваат со протестите
Пензионерите од Свети Николе продолжуваат со протестите се до исполнување на барањето, линеарно покачување од 3500 денари, без исклучување на поедини категории на пензии. Поддршка имаат од Здруженето на пензионери од Свети Николе, кое во понеделникот им организираше превоз до Скопје со 2 автобуси.
- Истанатите барања, односно, со Закон усогласување на минимланата пензија со минималната плата, ќе бидат договарани заедно со пензионерите, Министерството за труд и социјала и Здружението на пензионерите, изјави Трајче Стаменков, пензионер од Свети Николе.
Финансиската состојба на пензионерите, особено на оние со минимални примања е тешка и незавидна и се доведени до работ на гола егзистенција, истакна Ванчо Георгиев, трудов инвалид од Свети Николе.
- Нашите пензии се ептен минимални, едвај преживуваме во месецот, а пари немаме ниту лековите да си купиме, изјави Ванчо Георгиев, трудов инвалид.
Протестите на пензионерите од истокот на земјата добија поддршка од сите Здруженија на пензионери на ниво на општини.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар