Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за РТВИ.
-Не. Средба со претседателот немаше – одговори Песков на прашањето на рускиот ТВ канал.
Одговорот на портпаролот на Кремљ пристигна откако беше објавено дека авионот со кој допатува Ретклиф ја напуштил Русија.
Песков не прецизираше дали директорот на ЦИА за време на посетата на Москва му пренел на Путин некаква порака од американскиот претседател Доналд Трамп.
Песков за американскиот весник „Вашингтон пост“ изјави дека посетата на директорот на ЦИА Џон Ретклиф, на Москва била поврзана со „контакти меѓу тајните служби“. Тој не откри дополнителни детали, истакнува „Вашингтон пост“.
Ретклиф вчера допатува во Москва со американски воен транспортен авион Ц-17 „Глобмастер III“ (C-17 Globemaster III), кој претходно слетал во Рига. Авионот потоа продолжил кон Москва, а рускиот главен град го напуштил околу девет часа по пристигнувањето.
Според податоците на сервисот „Флајтрадар“ (Flightradar), по заминувањето на американскиот авион, од московскиот аеродром Внуково полетал и авион на специјалната единица „Русија“.
МИА
Ново на Сител
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
