Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков коментирајќи ја моменталната ситуација во односите Русија – САД, истакна дека „за танго потребни се двајца“.
– За танго потребни се двајца, а Американците сè уште не го сакаат тоа, наведе Песков во интервју за Централната кинеска телевизија, додавајќи оти на Москва за тоа прашање „не и се брза“.
Тој се осврна и на улогата на САД во решавањето на војната во Украина, истакнувајќи оти Москва немала нереални очекувања за можноста за трајно решавање на сложените прашања.
– Не носевме розови очила во поглед на нашите способности за трајно решавање на кое било сложено прашање, посочи Песков.
Тој, исто така ја поздрави подготвеноста на САД да продолжат да помагаат во изнаоѓање решение.
– Ја поздравуваме подготвеноста на Вашингтон да продолжи да пружа добри услуги и да помага во решавање на ситуацијата со Украина, истакна Песков.
Тој односите на Русија со Кина ги оцени како „богати и повеќеслојни“, истакнувајќи оти се надева дека двете држави ќе продолжат да ги развиваат „уште многу години, децении и векови“.
Ново на Сител
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
