Пет години од кобната сообраќајка кај Ласкарци, извлековме ли сообраќајна поука?
На денешен ден, пред пет години се случи кобната несреќа кај селото Ласкарци, која резултираше со 16 мртви и над 35 повредени лица. Но прашањето кое денеска се поставува е дали извлековме сообраќајна поука? Познавачите на сообраќајната проблематика проценуваат дека институциите потфрлиле во процесот.
„За жал, не видовме забрана за вршење на дејност како за правниот субјект, така и за одговорните во правниот субјект, не видовме чесно вештачење на сообраќајната несреќа, и сметаме дека оваа правда којашто е испорачана е некаква псевдо-правда, а таа дури може да се нарече и како неправда.
Вкупно 39 години затворски казни добија обвинетите за овој случај, чијашто пресуда беше донесена кон крајот на претходниот месец. Судот за виновен го прогласи сопственик на компанијата „Дурмо турс“, по што му беше изречена четиригодишна затворска казна, а пак шоферот на автобусот зад решетки ќе остане 14 години.
„Според нас е малку дискутабилно, по што сметаме дека оваа пресуда ќе ги охрабри неодговорните транспортни компании и во иднина би можеле да се случат и други сообраќајни несреќи како оваа“.
За да се превенираат сообраќајните несреќи, од здруженијата за намалување на жртви алудираат дека се неопходни промени. Според нив, итно треба да се формира Агенција за сообраќај, како и нова национална стратегија за намалување на жртвите во сообраќајот.
02.55 чесен мониторинг, на оние контролни пунктови, на станиците за технички преглед, понатаму подобра функционалност на републичкиот совет за безбедност, за сообраќајот, поточно да врши, подобра координација на општинските совети за безбедност во сообраќајот.
На 19 февруари втобусот на „Дурмо турс“ кој сообраќаеше на релација Скопје- Гостивар, се преврте кај село Ласкарци. Возачот ја загубил контролата врз возилото, по што истиот падна во провалија, откако ја проби заштитната ограда на автопатот.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
