„Петарди не – безбедност пред сѐ“
„Петарди не – безбедност пред се“. Со ваква кампања полицијата ќе ги „опаметува“ најмладите, а и останатите граѓани да не користат пиротехнички средства. Скопјани денеска на Плоштад „Македонија“, преку показна вежба можеа да посведочат каква опасност се заканува доколку се користат петарди. Денешната слика била реалноста на клиниката за пластична хирургија во изминатите години, потврдија докторите.
Кампањата е почната од 2018 година и дава резултати, тврдат надлежните. Според официјална статистика, во 2021 само едно лице завршило в болница поради повреда од петарда, а во 2022 ниту едно. Првиот човек на полицијата се надева дека минатогодишната слика ќе биде реалност и оваа Нова година.
Полицијата запленува пиротехнички средства преку текот на целата година, а најмногу во овој период, пред новогодишните и божиќните празници. Само во последните десетина дена, полицајците собрале над 40.000 парчиња пиротехника. Лани, вкупно 87 илјади парчиња пиротехника завршиле кај надлежните власти.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
