Македонија
27. February 2023 - 12:20

Платената практична настава не е на потребното ниво

Платената практична настава за средношколците од стручните училишта е мотивирачка, но се уште не е на ниво од западно европските земји, каде учениците добиваат солидни хонорари. Наташа Аневска, проектен менаџер во Стопанската комора вели дека компаниите го препознаваат бенефитот од здобивање на квалификуван млад работен кадар.

  • Со одговорност можам да потврдам дека, процесот на она што се случува во стручното образование, каде што компаниите кои земаат ученици на пракса им плаќаат на учениците одреден надоместок за нивното работно ангажирање. Значи имате компании кои им плаќаат и таа надокнада стои и во договорите. Истото тоа може да се прееслика и за студентите во високообразовните институции- изјави Наташа Аневска, Стопанска комора.

Плаќањето на определен надоместок за пракса од страна на малите и средни претпријатија  се дефинира во новиот Закон за стручно образование и обука, кој треба да биде изгласан, меѓутоа измени ќе мора да има и во Законот за високо образование.

  • Во делот на високото образование, имаме реализација на практична обука само во летниот период. Некои високообразовни институции воспоставиле практична обука и соработка и во текот на студиската програма, додаде Аневска

Преку програмата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука, финансискиот надоместок за учениците е на товар на министерството, а компанијата има обврска да обезбеди и да го плати менторот кој ќе работи со нив.