По децении чекање, државни старечки домови конечно на повидок
Повеќе од 4 децении ниту една централна или локална власт, не успеа да изгради старечки дом за сместување на лица од третата доба, за кои нема кој да се грижи. Работите тргнуваат од мртва точка во Кочани, капитален проект помогнат со средства од вториот повик на унгарскиот заем.
- За 9-ти јануари е закажано отворањето на понудите за изградба на старечкиот док во Кочани, изјави Владко Грозданов, градоначалник на Кочани
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, информираше дека се потпишани договори за изградба на старечки домови и во други општини во Македонија.
- Вториот кој веќе е распишан од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, на 31 декември е старскиот дом во Кавадарци, што беше проект понуден од страна на општината, а ќе биде финансиран од буџетото на Министерството, односно од капиталните дотации од Владата на РМ. Во Пробиштип веќе има готов проект кој е добиен, но заради технички аниомалии, истиот треба да се ревидира за и тој да стане реалност во делот на тендерирање, односно, да се склучи договор за изградба, изјави Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
Во Штип, Домот за стари лица е изграден до карабина, но поради имотно правни пречки, објектот се води како дивоградба, а изградбата е стопирана повеќе од 10 години.
- Треба прво да се разрешат тие правни елементи кои не зависат од нас како министерство, во делот на финансирањето и поддршката, да се одглави овој процес, да ја поддржиме и доизграбата на овој проект, рече Велковски.
На истокот Дом за стари лица има само во Берово, но е со лимитиран и недоволен капацитет во однос на побарувачката.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
