Македонија
22. December 2019 - 19:43

По Нова година Струмица ќе добие нова болница

Новото крило на струмичката  болница следната година треба да биде пуштено во употреба.  Според најавите на министерот за здравство Венко Филипче,  економскиот оператор ги завршува финалните позиции кога се градежните работи во прашање и доколку се биде според планираното на почетокот од следната година новото крило инфраструктурно целосно ќе биде подготвено. Во меѓувреме во рамки на владата се работело на обезбедување буџет за набавка на потребната опрема.

,, Работиме во рамки на владата заедно со министерството за финансии на обезбедување буџет истото да се опреми. Разговараме и со експерти од болницата во однос на прераспределбата на одделите, односно како најрационално тој простор ќе се искористи. Така да следната година после долги години Струмица ќе има нова болница.,, вели Венко Филипче.

 Темелите на новото крило на струмичката болница беа ставени пред триесетина години, а градбата неколку пати прекинувана. Новиот објект има  површина од 6500 метри квадратни и во него покрај ургентниот центар ќе  бидат сместени неколку други оддели.  Финализацијата на овој проект ќе  овозможи струмичката општа болница да прерасне во регионален центар кој ќе опслужува околу 250.000 граѓани од југоисточниот регион на државата.