По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
По седум години денеска повторно беше отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана за најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи.
На отворањето беше присутен премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека комплексот ќе придонесе во развојот на туризмот и истакна дека државата бележи раст од 20 отсто споредбено со истиот период минатата година.
– Ги повикувам сите оние кои што не го посетиле „Македонско село“, да дојдат во посета, да уживаат овде, во тоа што го нуди овој објект. И се разбира, во периодот кој што следи, да се погрижиме сето она кое што за жал изминативе седум години беше заборавено, уништено, девастирано, полека, но сигурно го обновуваме и повторно му го враќаме сјајот и го ставаме во функција, едно по едно, во зависност од приоритетите и можностите. Туризмот, како што знаете, веќе го коментиравме на почетокот на годината, бележи вонредни резултати. Кај странските гости имаме посебно голем раст, повеќе од 20 отсто споредено со истиот период од минатата година, посочи Мицкоски.
Очекувањата, вели, се тој тренд да продолжи да се зголемува, посочувајќи го Министерството за култура и туризам како посветено во развојот на туризмот.
– Очекуваме тој тренд да продолжи и да се зголемува. Работиме многу на тоа, така што и Министерството за култура и туризам тука е исклучително многу посветено, и се надевам дека ова место за туристите кои што ќе го посетуваат Скопје ќе биде убаво место за уживање, рече Мицкоски.
Според директорот на СОЗР Ивица Томовски, комплексот „Македонско село“ е идентитетот и културата на Македонците, бидејќи, како што рече, 12-те куќи кои имаат сопствена архитектура ја прераскажуваат многувековната историја на земјата.
– Комплексот е многу значаен за Скопје, многу значаен за Република Македонија од неколку аспекти. Еден од аспектите е дека во суштина ова е идентитетот, културата на нас Македониците, бидејќи има 12 куќи кои имаат сопствена архитектура и тоа ја прераскажува нашата многувековна историја. Покрај тоа што ја кажува историјата и идентитетот, со овој комплекс ќе се овозможи дополнителна туристичка дестинација за градот, зголемен број на туристи и отворање на нови работни места, рече Томовски.
Во врска со тоа дали постои јавен автобуски превоз до комплексот, Томовски рече дека има многу редок автобуски превоз и изрази надеж дека со доаѓање на нов градоначалник на Град Скопје ќе има почесто редовни линии, бидејќи, како што рече, со актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска „нема баш разбирање за се што значи држава и државност“.
– Автобуски превоз има, но многу е редок. Се надевам со доаѓање на нов градоначалник на Град Скопје ќе има почесто редовни линии, за да можат туристите и граѓаните на Град Скопје да дојдат и да го посетат местото, бидејќи со овој сегашен градоначалник немаме баш разбирање за се што значи држава и државност, посочи Томовски.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот